ЛЕГИТИМНА И НЕПОКОЛЕБЛИВА РЕАКЦИЈА НА СОНК ДОВЕДЕ ДО ТОА РЕМЕНСКИ ДА РЕТЕРИРА
( ГИ ОБЈАВУВАМЕ ИНТЕГРАЛНО ТЕКСТОВИТЕ ОД ИЗВЕСТУВАЊЕТО ОД МИНИСТЕРОТ РЕМЕНСКИ И ОДГОВОРОТ НА ИСТОТО ОД СОНК )
( ГИ ОБЈАВУВАМЕ ИНТЕГРАЛНО ТЕКСТОВИТЕ ОД ИЗВЕСТУВАЊЕТО ОД МИНИСТЕРОТ РЕМЕНСКИ И ОДГОВОРОТ НА ИСТОТО ОД СОНК )
Веднаш стигна реакција од Наставничкиот пленум со нови напади, кои само ја потврдија оправданоста на Заклучоците на Советот на СОНК. Ги прашуваме само за неколку наведени тотално бесмислени, но за жал и невистини кои исто така ќе бидат предмет на судска постапка::
А што се однесува до големиот Блаже Коневски, СОНК повеќе од една деценија синдикално го “игра“-Тешкото и исто така со број кој сосема одговара на споменатите стихови на Гане Тодоровски (се надеваме ќе се сфати пораката на претходното).
П.С. Самите членови на СОНК нека оценат какво е однесувањето на овие “супериорни“ наставници и впрочем каде беа сите овие изминати 20 и повеќе години, а особено последните 10-тина, туку баш сега кога СОНК покрена толку важни прашања и истите тврдиме ги решава со надлежните во државата, сега се појавија и порачаа ….“дека биле …. “!!!
На следниот линк превземете го документот: Констатации и заклучоци
Советот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија – СОНК, на својата редовна 21-ва седница донесе Одлука дека го отфрла предлогот на Владата и МОН, за зголемување на платите во основното, средното и високото образование и наука за 10% од април 2020 година. Оваа Одлука е донесена едногласно и се темели врз основа на изјаснувањето на огромниот број на членови на СОНК.
Советот на СОНК го почитува социјалниот дијалог и се надева дека во наредниот период од 15 дена ќе оствари конструктивни средби со Владата и МОН, на кои ќе се прифатат барањата за зголемување на платите во дејноста образование од 01.01.2020 година и за проценти за којшто дополнително ќе бидат договорени, а врз основа на зголемувањето на минималната плата на национално ниво. Во спротивно, ќе се активира Одлуката за Генерален штрајк на 11.11.2019 година, каде што ќе се достават и дополнителни барања во однос на исплата на регрес за годишен одмор, трошоци поврзани со превоз на работниците до работно место и назад, исплата на прекувремени наставни часови, соодветна исплата на работа во комбинирани паралелки итн. Исто така, од особена важност е барањето на СОНК за потпишување на колективен договор за високо образование и наука со период на имплементација од 01.01.2020 година.
Штрајкот би се одвивал во сите основни, средни, високообразовни и научни институции, во кои има членови на СОНК, како и во установи каде што по пат на солидарност би се приклучиле и други вработени во образованието. Штајкот би бил класичен, а тоа значи дека вработените кои ќе бидат во штрајк нема да изведуваат настава и други активности што се поврзани со наставата, а тоа би значело прекин на воспитно-образовниот процес.
Советот на СОНК смета дека МОН и Владата ќе донесат мудра одлука и ќе го прифатат барањето на СОНК, коешто е реално и издржано и дека на задоволство на сите просветни работници ќе бидат зголемени платите за поголем процент од понуденото, со имплементација од 01.01.2020 година.
Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија за потребите на проектот ,,Безбедност и здравје при работа во дејностите на образование и наука” објавува Јавен повик за ангажирање на експерт за анализа на состојбите со безбедност и здравје при работа во дејностите на образование, наука и култура, познавање на стандардите за БЗР и нивна примена во институциите од споменатите дејности во Република Северна Македонија.
Барањето за доставување на понуди може да се погледне на следниот линк:
На 9-10-2015 година, во Скопје се оддржа 2-та редовна седница на Советот на СОНК, на која беа усвоени ( согласно роковите утврдени со Статутот на СОНК) нови документи во врска со одржувањето на 6-от Конгрес на СОНК, како и одлуки по однос на тековни прашања.
Едногласно е одлучено 6-от Конгрес на СОНК, да се одрдржи во Охрид и тоа на 12-ти декември оваа година, како што претходно беше утврден споменатиот датум на 1-та редовна седница на Советот на СОНК.
Советот го утврди и Дневниот ред на Конгресот, кој произлегува од надлежностите на Конгресот, утврдени со Статутот на СОНК, а на истата седница утврдени се две работни групи кои ќе ја сумираат расправата од синдикалните и регионалните одбори на СОНК по : Предлог- Извештај за работата на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Р.М. ( СОНК), за периодот октомври 2010 – јуни 2015 год и Предлог- Програма за активностите на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Р.М. ( СОНК), за периодот октомври 2015 – јуни 2020 год.
Советот, по предлог на претседателот на СОНК, Јаким Неделков, едногласно донесе Одлука за упатување на покана за присуство во својство на гости на Конгресот, за највисоките преставници од ресорните министерства кои се социјални партнери на СОНК, репрезентативните федерации на синдикатите од Република Македонија, како и на преставници на синдикатите со кои СОНК има воспоставено подолго време блиска соработка, а во тој контекст посебно Интернационалата за образование и Европската конфедерација на синдикатите за образование.
Советот расправаше и одлучуваше по Приговори доставени од двајца поранешни членови на Советот на СОНК, како и Приговор од страна членови од една синдикална организација на СОНК од Регионалниот одбор на СОНК-Чаир.
Денес во Владата на Република Македонија беше потпишана Спогодба помеѓу Министерот за образование и наука, г-дин Арбер Адеми и претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија – СОНК, г-дин Јаким Неделков, за зголемување на платите од 5% во основното и средното образование.
СОНК не се откажува од барањето за поголемо зголемување на платите во дејноста образование и во наредниот период се очекува да продолжат преговорите помеѓу СОНК и МОН.
СОНК е убеден дека со зголемување на платите од 5% не се достигнува вредноста на реалниот труд на вработените во образованието, но исто така е убеден и дека доколку постои коректен партнерски однос и социјален дијалог помеѓу двете институции во наредниот период, ќе се изнајдат соодветни решенија за зголемување на платите на вработените во образованието, а со тоа ќе се подигне мотивацијата кај просветните работници и како финален производ ќе имаме поквалитетно образование.
Радува фактот што и претседателот на Владата на Република Македонија, г-динот Зоран Заев и Министерот за образование и наука, г-динот Арбер Адеми во своите изјави пред медиумите се согласија дека платите на вработените во образованието се мали и дека максимално ќе се заложат во наредниот период да дојде до поголемо зголемување на платите.
СОНК се ќе стори, во рамките на своите надлежности, да го врати достоинството на професијата-просветен работник.
На 1-10-2020 година, кога званично и отпочна новата учебна 2020/2021 година, во Министерството за образование и наука се оствари работна средба помеѓу раководството на СОНК и министерката за образование и наука.
На работната средба, освен што се разговараше за почетокот на учебната година со сите предизвици и недостатоци, во услови на пандемија, се разговараше и по однос на Барањата, доставени од СОНК на 14-09-2020 година (можат да се видат на веб страната на СОНК) до министерот за образование и наука, кои се однесуваат на одредени прашања во сите сфери на образованието и тоа:
СОНК и во овој случај, сака да го охрабри и убеди своето членство, дека само преку искрен и коректен социјален дијалог на сите нивоа, секако отпочнувајќи на ниво на работодавач – установа, на ниво на локална самоуправа – општина и на централно ниво, може да се дојде до постигнување на договор, односно решавање на проблемите.
На 03.02.2022 година се одржа првата конститутивна седница на Регионалниот одбор на СОНК – Кавадарци, која беше водена од новиот претседател, Милан Колев.
Покрај формирањето на новото раководство на Регионалниот одбор на СОНК – Кавадарци, на седницата беше избрана и тричлена комисија на Надзорниот одбор и нивни заменици, како и член на Синдикалниот фонд. На состанокот, на кој присуствуваа сите 26 старо/ново избрани претседатели на синдикални организации, беа искажани проблеми и беа отворени прашања од дејностите што ги застапува СОНК. Главен акцент беше ставен на зголемување на платите и усогласување на истите со минимална плата на национално ниво.
На состанокот присуствуваше и претседателот на СОНК, Јаким Неделков, кој даде безрезервна поддршка за сите активности кои се планирани на ниво на Регионалниот одбор на СОНК – Кавадарци, но и насоки за подигнување на синдикалната свест и синдикалното единство на членството.
За Регионалниот одбор, периодот што следи ќе биде период на многу промени, активности, семинари, едукативни работилници, како и соработка со институции на локално ниво, па од тие причини, претседателот на Регионалниот одбор на СОНК – Кавадарци побара од членовите поддршка за реализирање на планираните програмски активности.
Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија – СОНК, за потребите на проектот „Oдржување на благосостојбата на младите наставници во училиште” („Sustaining Young Teachers’ Wellbeing at School”), 2022-1-BG01-KA220-SCH-000085901, објавува јавен повик за ангажирање на 5 (пет) наставници од основно и средно образование за обука на наставник – едукатор.
Јавниот повик може да се погледне на следниот линк: