С О О П Ш Т Е Н И Е
СОВЕТОТ НА СОНК РАСПРАВАЊЕ ПО ПРЕДЛОГ – СПОГОДБАТА ПОСТИГНАТА ВО ПРЕГОВОРИТЕ
![](http://sonk.org.mk/wp-content/uploads/2018/02/04_02_02.jpg)
Советот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Р. Македонија (СОНК), на редовната седница одржана на 01-02-2015 год. едногласно ги донесе следниве
З А К Л У Ч О Ц И
Претседател
Јаким Неделков
До
Абдилаќим Адеми
Министер за образование и наука
Почитуван Г – дине Министер Адеми,
Со нужно почитување и со надеж дека конечно ќе прифатите да дојдете на седница на највисокиот орган на одлучување на СОНК, ете одлучив да Ве поканам со вака отворена покана, иако добро знам дека тоа не е многу вообичаено. Но за жал, почитуван Г-дине Министер, сигурно дека не е вообичаено скоро повеќе од половина година и во истиот период кој знае колку пати, Ви имаме испраќано покани да присуствувате на седниците на Советот и за нас од непознати причини досега не го направивте тоа ниту еднаш. Дополнително се чувствуваме непријатно и поради фактот дека досега не добивме ниту писмен, ниту усмен одговор на поканите.
Почитуван Г-дине Министер, втора недела огромен број на наши членови, ама истите се и Ваши јавни службеници,се во штрајк. Нивните легитимни претставници во Советот на СОНК донесоа Одлука за штрајк, откако членовите претходно, во огромно мнозинство, се изјаснија за Барањата и за штрајк и повеќе пати Советот едногласно ги носи одлуките за продолжување на штрајкот, ама исто така Ве повикува итно да продолжат, поточно да започнат преговори со Вас.
Последната Ваша изјава дека ќе продолжите да преговарате со СОНК, само доколку штрајкот биде прекинат, истата ја коментираа многу компетенти лица како од Р. Македонија, така и од меѓународни организации и од тие причини јас нема да се впуштам во коментар за тоа. Намерата на испраќањето на отворенава покана ми е многу искрена и ќе бидам исклучително радосен доколку ја прифатите и да дојдете на седницата на Советот во недела, на 01-02-2015 год. Пред целата јавност Ви ветувам дека Вие ќе го имате почетното обраќање на седницата и можноста да им објасните зошто е потребно, прво да го прекинат штрајкот, па после да преговарате со СОНК, за веќе изречените казни по резултатите од екстерното оценување на учениците, за кои денес дознаваме дека е издаден налог за пресметување со платата за јануари и зошто толку лесно поминавте преку изјавата на првиот синдикалец за образование во Европа, кој патем речено имаше чест и лично тоа да Ви го каже, дека тоа е единствен случај и несреќен македонски изум.
Почитуван Министер, Ве молам, дојдете на седницата и кажете им на тие што донесоа Одлука за штрајк, дека не им се реални барањата за зголемување на платите, иако и Вие знаете дека се најниски од сите европски држави, се разбира вклучувајќи ги и сите соседни земји.
Почитуван Г-дине Министер, кажете им исто така, како се спроведе екстерното тестирање, каков нов квалитет покажаа заменските наставници, за разлика од овие ,,непослушни” наставници, меѓу кои ги има и стотици и ститици со звања – истакнат и особено истакнат просветен работник и стотици од нив биле наставници на сите министри, досегашни премиери, претседатели на државата, универзитетски професори, пратеници, амбасадори, познати инженери, истакнати доктори во медицината, светски познати културни дејци… И сега, дел од нив ќе ја завршуваат својата просветителска мисија, како казнети, што значи лоши наставници.
Почитуван Министер, членовите на Советот од кои најголемиот дел се наставници, исто така кажете им, како можеа да бидат толку “наивни“ и без никаква “вистинска“причина, толку месеци наназад и досега девет дена да бидат во штрајк, само заради тоа на претседателот на синдикатот, кој исто така е нивни колега наставник, преку штрајк да му одработат да биде реизбран и тоа дури после една година.
И за жал, сосема на крај, Ви ветувам, ако навистина изнесете аргументи со кои ќе не убедите дека сме погрешиле, што на гарантирано право со Устав, но и вродено човечко право за одбрана на сопственото достоинство се одваживме да побараме нешто за што Ви ги презентиравме нашите аргументи, а досега единствено имаме добиено одговор дека ниедно од нашите барања не се реални, па и дури преку Ваши гласноговорници, дека се штетни и за самите нас. Во таков случај ќе Ве испратиме со аплауз
Почитуван Г-дине Министер, Ве молиме, дојдете конечно, на седницата на Советот на единствениот репрезентативен синдикат за образование во Р. Македонија, што меѓу другото Ви е и законска обврска. Искрени поздрави,
П.С. Седницата ќе се одржи на 01-02-2015 год. (недела), со почеток во 13 часот во салата за состаноци на СОНК – пошта 2 (нова железничка станица).
Претседател,
Јаким Неделков
СОНК во врска со изјавата на ресорниот Министер за образование и наука, со која обврската за на надоместок на нето плата за време на штрајкот на работниците, кои учествувале во него, ја префрла на СОНК, го даваме следниот демант.
Согласно член 241 од ЗРО организаторот на штрајкот “може да обезбеди надоместок на нето плата за време на штрајк на работниците??? Толкувањето на одредбите од овој член се дека законодавецот не пропишал дека задолжително обврската е на организаторот на штрајкот, туку со употреба на терминот “може“ оставил простор преку Колективен договор синдикалната организација, секоја посебно да го регулира ова право. Во конкретниот случај Синдикатот –СОНК има потпишано Колективен договор за вработените во основно образование и тоа член 54 од истиот и Колектгивен договор за вработените во средно образование по член 51 од истиот, кои го регулираат и толкуваат правниот вакуум по член 241 од ЗРО, на начин што согласно овие два колективни договора обврската за исплата на плата за работниците за време на штрајкот е обврска на работодавачот.
Од напред изнесеното согласно колективните договори за основно и средно образование јасна е и неспорна обврската на работодавачот, за плаќање на дневницата и за време на штрајкот.
Потврда на ова е и фактот што ова законско решение беше и во 2008 година, кога СОНК беше во осум дневен Генерален штрајк, а за тие денови согласно Колективните договори дневниците ги плати работодавецот.
Советот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Р. М. ( СОНК ), на попладневната седница одржана на 29-01-2015г, разгледувајќи ги најновите состојби во врска со Генералниот штрајк, по неколку часовна расправа ,едногласно ги донесе следниве
З А К Л У Ч О Ц И
Претседател
Јаким Неделков
СОВЕТОТ НА СОНК ЕДНОГЛАСЕН: ТРПЕНИЕТО И КОРЕКТНОСТА НЕ СЕ БЕСКОНЕЧНИ
ДЕМАНТ