ПОСЕТА ОД ИСКЛУЧИТЕЛНО ЗНАЧЕЊЕ ЗА СОНК
Генераниот секретар на Интернационалата за образование, Фред Ван Ливен и потпретседателот на Европската Конфедерација на синдикатите за образование (ETUCE) и на холандскиот синдикат за образование (AOB), Волтер Дрешер, како што претходно најавивме беа во работна посета на СОНК на 1-ви и 2-ри овој месец.
По пристигнување во Скопје високите гости го разгледаа центаралното подрачје на главниот град, како и старата скопска чаршија. Искажаа дека Скопје многу бргу се гради и добива нов лик, исто така го искажаа и восхитот од изгледот и зачуваноста и автентичноста на стариот дел – познат како скопска чаршија.
Вечерта беше организирана работна вечера со најтесното раководство на СОНК, на која гостите беа информирани за вкупните активности во СОНК особено последните месеци, а во тој контекст посебно за преговорите со Министерството за образование и наука по склучување на Спогодбата помеѓу СОНК и МОН на 3.02.2015 година и имплементација на договореното од истата. Беше разговарано и за натамошните активности на СОНК и во овој дел посебно околу изборните активности во нашиот Синдикат.
Вториот ден од посетата Фред Ван Ливен и Волтер Дрешер, во придружба на Претседателот Јаким Неделков и Генералниот секретар Весна Неделковска, беа примени и разговараа во МОН со Министерот за Абдилаќим Адеми и заменик министерот Спиро Ристовски. Во разговорот кој траеше околу час и половина беа разгледани најактуелните прашања во доменот на образование, ставовите на МОН околу реформските зафати и посебно прашањето околу екстерното оценување, како и за социјалното партнерство и дијалог помеѓу МОН и СОНК. Генералниот секретар Фред Ван Ливен не го криеше задоволството за посетата на СОНК, со изјава дека СОНК е од исклучително значење за Интернационалата за образование и во последните 15-тина години Интернационата со големо внимание ги следи сите активности на СОНК во делот на образованието и безрезервно ја дава нивната поддршка на СОНК, бидејќи сите досегашни чекори што ги има направено СОНК, од нивна страна се оценети како исклучително значајни, а дел од нив предизвикале значајно внимание и кај другите синдикати за образование. Реформскиот курс на СОНК кој трае повеќе од една деценија има големо влијание и во градењето на Синдикатот во модерна организација, но исто и на вкупното демократизирање на општествениот систем во државата. Неспорниот мулти етнички карактер на СОНК е една од значајните одлики на оваа членка на Интернационалата за образование и пример за градење на современ начин на заедничко живеење, без разлика на националната или верската припадност. Тие се причините поради кои велиме дека СОНК има поголемо значење, а тоа што значи дека СОНК не е само класична организација на Синдикатот, туку ги надминува тие рамки..
Генералниот секретар, како и потпретседателот Дрешер го искажаа големото задоволство од Спогодбата, како и воспоставениот вистински социјален дијалог и го изразија своето убедување дека образованието во Република Македонија е на вистински пат и дека МОН и СОНК заедно ќе изнајдат заеднички решенија за сите предизвици што стојат во натамошниот развој на образованието. Генералниот секретар го искажа своето убедување дека е убеден во тоа и МОН и СОНК се свесни и искрено се подготвени да продолжат во натамошното модернизирање, вклучувајќи го и во моделот на екстерното оценување.
Слични ставови искажаа и Министерот Абдилаќим Адеми и Заменик министерот Спиро Ристовски, вклучително и задоволството од социјалниот дијалог со СОНК, а истите ставови беа изнесени и на Прес-конференцијата по завршување на разговорите, искажани од страна на Фред Ван Ливен и Министерот Абдилаќим Адеми.
Делегацијата потоа беше примена во Владата на Република Македонија, каде што разговараа со потпретседателот на Владата Владимир Пешевски. Во отворена и пријателска атмосфера потпретседателот Пешевски го истакна посебното значење што Владата го дава на образованието, задоволството од поддршаката што СОНК ја дава на сите зафати за подобрување на образованието, но исто спомена дека се свесни дека во одредени случаи се направени и погрешни чекори, пред се во брзината на спроведување на одредени реформски чекори. Потпретседателот Пешевски многу јасно го искажа и ставот дека СОНК е од исклучително значење на синдикален план во државата и секогаш ќе ја има поддршката на тој курс, посебно во социјалниот дијалог со Министерството за образование и наука.
Генералниот секретар на ЕИ и потпретседателот на ETUCE ги повторија истите ставови искажани во МОН и го изразија големото задоволство за приемот во Владата на Република Македонија, со желба сите надлежни субјекти да продолжат со градење на современ модел на образование, со стандарди што ќе бидат прифатени од страна на партнерите.
На крајот од посетата Фред Ван Ливен и Волтер Дрешер имаа работна средба и со претседателите на Регионалните одбори на СОНК од скопското подрачје на кој присуствуваше и потпретседателот на Советот на СОНК. На истата беа сумирани вкупните резултати од посетата, кои се оценети како исклучително значајни за натамошните активноисти и функционирањето на СОНК.