ОДРЖАН ТРЕТ СОСТАНОК НА ПАРТНЕРИТЕ ВО ПРОЕКТОТ YOUWELL

qrf
image_pdfimage_print

Во рамките на Erasmus+ проектот (2022-1-BG01-KA220-SCH-000085901): Sustaining Young Teachers’ Wellbeing at School – YouWell, од 07-09 декември 2023 година, во Брисел, Белгија се одржа третиот работен состанок на сите партнери учесници во проектот.

На работниот состанок беа прикажани и претставени фазите на проектот, односно активностите што биле реализирани и имплементирани, како и следните чекори што треба да се преземат во наредниот период.

Состанокот беше исполнет со дискусии и стратешко планирање, со цел насочување на проектот кон видлив успех.

  

Партнерите – учесници во проектот ги презентираа резултатите од досегашната работа на наставниците – едукатори, кои ја започнаа имплементацијата на проектот со своите колеги, наставници-почетници на 01.10.2023 година. Беше дискутирано и за натамошна поддршка на наставниците – едукатори, како и на над 45 наставници – почетници од Македонија, Бугарија и Словенија.

Исто така, на состанокот се разговараше и за изготвениот Прирачник за наставници, како и за административните процедури во врска со истиот.

Состанокот заврши со активно учество на сите партнери, при што истите го искажаа своето задоволство од напредокот на целиот процес во секоја од своите земји, како и задоволството на сите учесници во истиот, со очекување за континуирана соработка за постигнување на заедничките цели во претстојните фази на проектот YouWell.