ОДДРЖАНА РАБОТНА СРЕДБА ВО РЕГИОНАЛНИОТ ОДБОР НА СОНК – КАВАДАРЦИ
По завршувањето на годишните одмори и отпочнувањето на новата учебна година, раководство на СОНК, продолжи со активностите и оддржувањето на работните средби со членството на СОНК од регионалните одбори на СОНК.
На 6-09-2017 година е оддржана работна средба со членството на СОНК од регионалниот одбор на СОНК – Кавадарци, на која присуствуваа и градоначалникот на Општина Росоман , г-динот Стојче Лазаров и секретарот на Општина Кавадарци, г-динот Кире Делов , како и директори на неколку организации од овој Регион. Присуството на преставниците на локалните самоуправи и директорите на вакви работни средби е веќе воспоставена пракса во СОНК , на кои се отвораат прашања и проблеми на социјалните партнери и на ниво на локална самоуправа и на ниво на работодавец.
На работната средба беа отворени повеќе прашања и од повеќе аспекти во сите дејности што синдикално ги обединува СОНК, но и беа дадени и мислења за подобрување на условите за работа во сите сфери на образованието и културата. Во дискусијата главен акцент беше ставено прашањето за оддржувањето и негувањето на социјалниот дијалог и партнерство на сите нивоа, неподготвеноста од сите аспекти ( просторно, не обезбеден број на вработени, зголемен обем на работа на постоечкиот број на вработени и др) на воведувањето на двосменското работење во детските градинки, причините за сеуште непотпишаниот Колективен договор во културата, ризикот од евентуален технолошки вишок во образованието и зголемувањето на платите во сите дејности.
Во расправата на споменатите прашања освен членовите на СОНК активно учестваа и претставниците на локалните самоуправи и директорите, давајќи допринос за изнаоѓање на заеднички прифатливи решенија на одредени проблеми кои се во заедничка надлежност. Исто така, како заедничка констатација беше дека прифаќањето на социјалниот дијалог и партнерство на сите нивоа е најсилен инструмент за надминување на состојби на недоразбирање или незадоволство.
Присатните на средбата изразија огромно задоволство и го поздравија ваквиот начин на комуникација со раководството на СОНК , локалната самоуправа и работодавчите, но и апел за продолжување на вакви или слични средби, што од сите присатни со задоволство беше прифатено.