НЕПОДЕЛЕНО Е МИСЛЕЊЕТО ЗА ГОЛЕМАТА КОРИСТ ОД СЕМИНАРИТЕ
Во текот на изминатите два викенда, одржани се едукативни семинари во регионалните одбори на СОНК – Штип, Велес, Гевгелија и Струмица. Како и во првите два региони – Делчево и Кочани и во овие четири региони на нашиот Синдикат, едукативните семинари беа одржани , со заедничка оценка на учесниците- мошне успешно.
Имено, присуството на членовите на регионалните одбори, иако истите се одржуваат во денови на викенди, е сосема задоволително со мали исклучоци од оправдани причини.
Во досега одржаните регионални одбори, со неспорно внимание и интерес се следеа воведните излагања по трите теми од семинарот и според анонимните Анкетни прашалници, што ги пополнуваа учесниците, со само неколку поединечни исклучоци, што се помалку од 1 до 2% од бројот на анкетирани, сите изразиле мислење дека семинарите биле многу корисни и исто така добар дел од информациите што ги добиле , ги оценуваат како работи за кои не биле информирани или делумно или погрешно информирани.
Исто така, како мошне успешни можат да се оценат и вториот дел од семинарите, кои се во вид на работилници, во кои членовите на регионалните одбори без ограничување на времето можеа да даваат свои мислења, предлози, сугестии, како и да поставуваат прашања по сите надлежности од активноста на Синдикатот.
На крајот ќе ги одбележиме и остварените работни средби со градоначалниците од општините, на чие подрачје беа одржувани едукативните семинари и тоа по основ на улога на домаќини на чие подрачје беа одржани семинарите. Овие работно-протоколарно работни средби само ја потврдија потребата од директни контакти помеѓу раководството на СОНК, како на централно, така и на локално ниво, со најодговорните од единиците на локална самоуправа. Потсетуваме дека, веднаш по завршување на едукативните семинари, СОНК ќе продолжи со одржување на седници по регионални одбори, на кои ќе бидат поканети да присуствуваат градоначалниците што ги опфаќа конкретниот регионален одбор на СОНК.