РЕАКЦИЈА НА ЕДЕН ОД МНОГУТЕ „СТРУЧНИ“ СОВЕТИ“ ОД НАСТАВНИЧКИОТ ПЛЕНУМ
Не можеме а да не изреагираме на еден од безброј “стручни“ совети, анализи, реклами и слични текстови од кујната на неформалната група на Наставничкиот пленум објавен на нивната страна под наслов ,, Имам свое Јас, излегувам од СОНК“ од 12-12-2015 год., нивната забеганост и немање на никаква релација со реалноста, ја покажаа можеби и досега најдобро во споменатиот текст. Имено, тврдењето дека утврденото право во Колективните договори што ги има потпишано СОНК во делот за класното раководство, како и за должината на годишниот одмор, според нив не важеле бидејќи поинаку било предвидено во Законот за работни односи!!!
Да кажеме дека ни е жал што дури ни тоа не го знаат, нема така да направиме, зошто ниту со тоа не можеме да им помогнеме. Ама, ќе го кажеме тоа што е принцип во колективното договарање дека секаде во светот, се разбира и кај нас, а тоа е: – со колективни договори треба да се обидете да ги зголемите правата од работен однос што се утврдени со соодветни закони. А потпишаните колективни договори имаат сила на Закон и во правата што сте успеале да ги зголемите во однос на законите, тие одредби во колективните договори имаат повисока важност во однос на Законот во тој дел. Потпишаните колективни договори од страна на СОНК, колку и да не им е мило на Наставничките пленумци, важат исклучиво за членовите на СОНК и точка. Нека го прочитаат член 3 во било кој од колективните договори на СОНК и тогаш ќе им падне пајажината од очите.
А што да кажеме за ноторната лага, која може да конкурира и за лага на годината, дека коефициентите во делот за платите од колективните договори:… ,, de facto коефициентот на сложеност од 3.5 престанува да важи и подоцна се заменува со 2.5”. Со тоа само покажуваат дека имаат помалку познавање и на најосновните, или најелементарните работи што треба да ги знаат од редот на општата писменост, а да не зборуваме што треба да знаете што треба да си дозволите да учите некои други за кои мислите дека тоа не го знаат. Па, најмалку што треба да знаат е дека систем на нето и систем на бруто плата е сосема, сосема нешто различно. Коефициентите од колективните договори од 2008 година се во нето износ, а со воведување на системот на бруто плати, истата висина на платите е претворена во износ на бруто коефициент, која е до денар во ист износ со нето платите.
Кога би било така како што тие напишале, тогаш платите од 2009 година би биле намалени за повеќе од 40% – каква гадост, во обид на перење на мозок.
А што да се каже за коментарите околу изборот за претседател на СОНК на 6-от Конгрес, како и повикот да се напушта СОНК затоа што не бил избран некој од нивните членови и кандидати што очекувале тоа да се случи. Ќе им препорачаме дека тоа можеби ќе им успее само со користење на нивниот спреј “магла“ за поттикнување за ртење на плевел, произведено во лабораторијата на Наставничкиот пленум, ама само за зголемување на друштва слични на нив.
И како нешто за на крај, иако воопшто не сакаме со такви ниту почеток – ниту крај, ама сепак имаат заслуги во потврдата дека покрај вселената, бескрајни се уште само глупостите и злобата!