На 01.03.2022 година се одржа прва конститутивна седница на Регионалниот одбор на СОНК – Гевгелија, која беше водена од новиот претседател, Даниела Караманова.
На седницата присуствуваше и претседателот на СОНК, г-дин Јаким Неделков, кој даде поддршка за синдикалното единство и поддигање на синдикалната свест.
Најмногу внимание се посвети на прашањето за усогласување на платите во градинките, основното и средното образование со минималната плата на национално ниво.
Се донесе заклучок, доколку Владата не излезе во пресрет на барањето за усогласување на платите, Регионалниот одбор на СОНК-Гевгелија ќе го поддржи раководството на СОНК да донесе одлука со коja ќе ги заштити интересите на своите членови.