ОДРЖАНИ СЕ ЕДУКАТИВНИ СЕМИНАРИ ВО ПОЛОВИНА ОД РЕГИОНАЛНИТЕ ОДБОРИ НА СОНК

image_pdfimage_print

ПРОДОЛЖУВА ОГРОМНИОТ ИНТЕРЕС ЗА СЕМИНАРИТЕ

Едукативните семинари со претседателите на синдикалните организации на СОНК, кои отпочнаа со одржување во текот на изминатиот месец, продолжија да се одржуваат и овој месец .

Во изминатите викенди беа одржани едукативни семинари во регионалниот одбор на СОНК- Тетово и регионалниот одбор на СОНК – Гостивар. Во овие два регионални одбори на СОНК, процентот на присуство на едукативните семинари од страна на претседателите ( или секретарите) на синдикалните организации на СОНК , беше на високо ниво, што е голем показател за потребата  за синдикална едукација на раководството во синдикалните организации.

Вредно е да се напомене дека мултиетничноста на нашиот Синдикат е изразена  токму во овие два регионални одбори на СОНК, во кои членуваат со огромен процент, од вработените од сите дејности што синдикално ги обединува СОНК, од сите  националности од полошкиот и мавровскиот регион.

Во вториот дел од семинарите и во двата регионални одбори , на покана од претседателите на овие регионални одбори, присуствуваа раководителите на секторот образование од општина Тетово и општина Гостивар, што е доказ на коректионот социјален дијалог на ниво на локална самоуправа.

На 19 и 20-03- 2015 г . во регионалните одбори на СОНК Прилеп и Кавадарци се продолжи со одржување на едукативните семинари, на кои присуствуваа претседателите, или од нив овластени преставници од сите синдикални организации од споменатите регионални одбори на СОНК.

Не поделено е мислењето на сите учесници на семинарите дека, предвидените три теми пројавуваат голем интерес кај учесниците, но и предвидената  активност за одржување на семинарите во синдикалните организации со членовите од истите, на кои што членството ќе добие информација за придобивките од членувањето во СОНК, правата и обврските на секој член, заштитата од работен однос, надминување на слабостите во Синдикатот, како и зачувување на единството на СОНК.