ОТВОРЕНИ ПОВЕЌЕ ПРАШАЊА ОД ДЕЈНОСТА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
По иницијатива на раководството на СОНК, на ден 13 – 07-2017 година се оствари работна средба во Министерството за образование инаука, на која од страна на СОНК присуствуваа претседателот на СОНК, Јаким Неделков и генералниот секретар, Весна Неделковска, додека од страна на Министерството за образование и наука, министерот за образование и наука, г- ѓа Рената Тренеска Десковска.
На работната средба, од страна на СОНК беа отворени повеќе прашања од синдикален аспект, а во интерес на правата од работен однос и колективните договори на членовите на СОНК од дејноста образование и наука, како и прашања кои би го подобриле воспитно – образовниот процес. Се разговараше и за итната потреба од склучување на Колективен договор за високо образование и наука.
Особено се обрна внимание на прашањето околу социјалниот дијалог и партнерство и значението на репрезентативноста на нашиот синдикат на сите нивоа и учеството на СОНК во сите сфери на креирање на образовната политика во Република Македонија.