По барање на раководството на СОНК, се оствари работна средба во Министерството за култура
На работната средба, од страна на СОНК беа отворени повеќе прашања од синдикален аспект, а во интерес на правата од работен однос на членовите на СОНК од дејноста култура. Главен акцент во разговорите се стави на Колективниот договор за култура, кој веќе подолго време се подготвува и истиот, како законска процедура, веќе е поминат на Јавна расправа во членствот на СОНК и сите забелешки, сугестии и мислења се вградија во конечниот текст на овој колективен договор.
Заедничка констатација на преставниците на СОНК и на министерството за култура беше дека единствена пречка за потпишување на Колективниот договор за култура е обезбедување на финансиски средства за реализација на договорените коефициенти за секое работно место, за што искрено сите се надеваме дека во наредниот период и овој проблем ќе се надмине.