Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија во периодот ноември – декември 2024 година, за своите членовите и раководството на СОНК, одржа семинари на тема: „Решавање на конфликти по пат на медијација“.
На семинарите, слушателите имаа можност поблиску да се запознаат со поимите медијација и конфликт, видовите на конфликти и начините на решавање на конфликтни ситуации.
Семинарите ги водеа искусни психолози, кои со своето знаење, умеење и вештини, предизвикаа огромен интерес и чувство на задоволство кај учесниците.
Во склоп на семинарите се одржаа и работилници, на кои учесниците имаа можност за анализа и решавање на конкретни случаи, односно решавање на конфлики со користење на специфични комуникациски вештини.
Семинарите беа под покровителство на Solidarity Center од САД, кој многупати досега поддржал голем број настани во организација на СОНК.