Советот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија – СОНК, на 14 и 15 декември 2024 година ја одржа својата 33-та редовна седница, на која се анализираа состојбите во сите дејности што ги застапува СОНК и активностите што СОНК ги преземал во 2024 година.
Посебен акцент беше ставен на новите методологии за пресметка на плата во сите дејности, потпишување на колективните договори за основно и средно образование, како и други прашања во надлежност на СОНК.
По извршената анализа и опширна расправа, Советот на СОНК донесе Стратегија, односно План за работа на СОНК за 2025 година.