СОНК ВО ПОДГОТОВКИ ЗА ПРОТЕСТ
На 23-ти декември 2017 година, Советот на СОНК ја оддржа деветтата редовна седница на Советот на СОНК во проширен состав, претседателите и секретарите на регионалните одбори на СОНК, на која на дневен ред беа планирања на активности на СОНК за најавениот протест во рамките на КСС. На седницата беше поканет и присуствуваше претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС, Благоја Ралповски.
Имено, по иницијатива на Извршниот одбор на КСС, на седницата на Конференцијата на КСС оддржана на 21-12-2017година , каде што СОНК како грански синдикат партипицира со 14 членови, донесе Одлука, патем да споменеме дека е обврзна за сите членови на гранските синдикати во КСС, за оддржување на Јавен протест во месец јануари идната година.
Носењето на Одлуката за оддржување на Јавен протест е од веќе познати барања и причини , но не е на одмет да ги споменеме :
- Отпочнување на преговори и воспоставување на социјален дијалог со релевантните репрезентативни синдикати во државата;
- Преговори за најавеното селективно зголемување на платите за 5% во октомври идната година во одредени дејности во Јавниот сектор, кое ќе доведе до дискриминација на останатите сектори;
- Отпочнување на преговори за зголемување на платите на вработените во јавната администрација, јавните установи, јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост и усогласување на потпишаните важечки колективни договори, соодветно на процентот создаден со зголемување на висината на минималната плата (зголемување на соодветен процент по различни сектори);
- Итно отпочнување на преговори за измени и дополнувања на општиот колективен договор за јавен сектор во врска со следните предлог – измени:
- Регрес за годишен одмор за вработените во јавен сектор во висина од најмалку 60% од основицата, под услов работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач. Со колективен договор на ниво на дејност или колективен договор на ниво на работодавач може да се утврди регрес за годишен одмор во поголем износ од износот утврден со овој колективен договор.
- Одредба во која Владата ќе има обврска при секое носење на буџетот на РМ да изврши усогласување на платите во јавниот сектор со репрезентативните синдикати;
- Зголемување на надоместокот за минат труд по примерот на соседните земји односно зголемување на плататата секоја година за соодветен процент и тоа:
– од 1 до 10 год. работен стаж за 0,5 проценти
– од 11 до 20 години работен стаж за 0,75 проценти
– над 21 година работен стаж за 1 процент
- За вработените во јавен сектор кои работат и во сабота со цел надополнување на работните саати, намалување на нивното работно време во текот на работната недела.
- На вработените во јавниот сектор кои имаат повеќе од 150 работни часа подолго од полното работно време кај истиот работодавач на годишно ниво, да им се исплати бонус во висина од една просечна плата во Републиката (13та плата).
Во вториот дел на седницата беше поканет и присуствуваше правниот застапник на СОНК, Ванчо Шехтански, кој даваше правни совети за постапките по однос на прашања од работен однос за поединечни и групни проблеми со кои се соочува членството на СОНК со посебен акцент за можноста за трансформација на работни договори од определено на неопределено време после 2 години работен стаж . Во овој дел на седницата беа отворени и други прашања од тековното работење на Советот на СОНК.