РАБОТНА СРЕДБА ПОМЕЃУ СОНК И ДРЖАВНИОТ ПРОСВЕТЕН ИНСПЕКТОРАТ

Како реализација на Заклучоците од работната средба помеѓу СОНК и МОН, со присуство на Државната просветна инспекција (ДПИ) и Бирото за развој на образованието од 21.01.2012 година, работни групи од СОНК и ДПИ на 9.02.2012 година одржаа работна средба која траеше скоро повеќе од 6 часа. Работаната група на СОНК, предводена од претседателот на СОНК Јаким Неделков, ги отвори сите прашања поврзани со надлежности на просветната инспекција во основните и средните училишта со посебен акцент на реализирање на Упатството за вреднување на наставниците и стручните соработници.
Во исклучително конструктивен дијалог беа поставени сите дилеми што СОНК ги има во реализирањето во споменатото Упатство.
Од страна на ДПИ, чија работна група ја предводеше директорот Џорџе Арсов, беа дадени целосни објаснувања во врска со Упатството, а во таа смисла беа прифатени и дел од барањата на СОНК за измени или дополнувања на одредени делови во споменатиот документ, кои според наше мислење имаат и суштинско значење. Истите ќе бидат вградени во текстот на Упатството и објавени на сајтот на ДПИ.
Заеднички беше констатирано дека Упатсвото е значаен документ, кој во основа има за цел реално да ја вреднува работата на наставниците, а преку тоа да се создаде мотивационен фактор за зголемување на квалитетот на воспитно-образовниот процес во образованието. Воочените слабости веднаш ќе бидат корегирани, а СОНК и ДПИ ќе вршат проценка со цел за постојано отстранување на слабостите кои низ реализацијата ќе бидат констатирани во натамошниот период.
Едно од позначајните заеднички ставови е констатацијата бројот на ученици во паралелка треба со законски измени да се намали, а за истото СОНК ќе има целосна подршка на ДПИ.
ДПИ се согласи дека има поединци просветни инспектори кои излегуваат од рамките на сопствените надлежности, а за таквите случаи ДПИ има преземено соодветни санкции и во таа смисла претставниците на СОНК на сите нивоа, доколку констатираат такво однесување на некој од просветните инспектори треба веднаш да достават информации до раководството на СОНК за истото да може да побара од ДПИ (со потребна аргументација) санкционирање на таквите случаи.

линкови
ghghfsfsghghghngh
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Copyright © СОНК 2011