ПРЕТСТОИ ИНТЕНЗИВНА СИНДИКАЛНА ЕДУКАЦИЈА ВО СОНК
Со втората фаза, ќе бидат опфатени сите членови на СОНК, преку едукативни семинари кои ќе се одржуваат во секоја од околу 600 синдикални организации на нашиот Синдикат.
Планирано е едукативните семинари да се одржуваат во неработни денови и да бидат поделени во два дела. Првиот дел треба да биде тематски, на кој воведни излагања ќе имаат ( во регионалните одбори ), носителите на највисоките функции во СОНК, а во синдикалните организации претставниците на регионалните одбори и претседателите на синдикалните организации.
Со првиот дел , поделени во три тематски области, ќе бидат опфатени најважните прашања сврзани со Синдикатот, како организација на работниците, со историски и хронолошки приод на оваа организација, сегашни состојби во светот и посебно на синдикален план во светот и посебно во нашата држава. Посебен акцент во оваа тематска област, ќе биде посветено на СОНК, од неговот основање , па се до денес.
Со втората тематска област, ќе бидат опфатени – Статутот на СОНК, со споредбени податоци со други синдикати сродни на нашиот Синдикат и пошироко во Регионот, Законот за работни односи во делот на синдикатите и социјалниот дијалог и колективните договори по дејности.
Со третата тематска област, ќе биде анализирана Програмата за работа на СОНК во наредниот петгодишен период, најважните предизвици кои ќе бидат предмет на континуирани активности на СОНК, степенот на социјалниот дијалог на сите нивоа и натамошните реформски зафати во доизградувањето на СОНК во современ синдикат, по моделот на најмоќните синдикати за образование во земјите од Европската унија.
Во вториот дел од едукативните семинари и во регионалните одбори и во синдикалните организациии, планирано е да има дискусија и по темите од семинарот, како и за сите актуелни прашања и проблеми од надлежност на СОНК.
Се планира да биде изготвен и посебен Прирачник, кој ќе треба да послужи за поквалитетно извршување на оваа обемна и многу значајна активност на СОНК, која ќе се одвива во наредните неколку месеци.