Monday, May 27, 2024
image_pdfimage_print

Синдикалниот фонд е формиран со цел на членовите на СОНК кои се наоѓаат во социјални тешкотии и проблеми да им овозможи материјална помош.
Во Синдикалниот фонд членуваат синдикални организации во кои членовите донеле одлука за членување во Фондот.
Висината на средствата од кои се финансира Фондот се 0,40% од нето платата на членот, како и спонзорства, донации и др.
Средствата на Фондот се користат за парична помош за:

  • склучување на брак
  • новороденче
  • прваче
  • школување на студенти, надвор од местото на живеење
  • повреда на работа
  • боледување-континуирано над 60 дена, односно над 90 дена
  • лекување, односно набавка на лекови
  • трајна неспособност за работа
  • редовно заминување во пензија
  • материјална штета од пожар или поплава
  • смрт на член на СОНК

Фондот на членовите им дава право на користење на бескаматен кредит.
Работата на Синдикалниот фонд е регулирана со Статутот на СОНК и Правилникот на Синдикалниот фонд на СОНК.

ПРАВИЛНИК И ОДЛУКИ

ОБРАСЦИ И ДОГОВОР

ПРИМЕРИ ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ МЕНИЦА

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СТУДЕНТИ

ИЗЈАВА ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ

ИЗЈАВА за согласност за обработка на лични податоци