ОДРЖАНА ПРВАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТ НА СОНК
По одржувањето на VI – от Конгрес на СОНК, Советот на СОНК , на 26-12-2015 година во Прилеп ја одржа својата прва седница , на која беа поканети да присуствуваат градоначалниците на Пелагонискиот регион, а кој синдикално го обединува Регионалниот одбор на СОНК – Прилеп и тоа : Марјан Ристески – градоначалник на општина Прилеп ; Ѓорги Дамчески – градоначалник на општина Крушево; Боше Милошевски – градоначалник на општина Долнени и Тони Заткоски – градоначалник на општина – Кривогаштани.
Градоначалниците откако го изразија своето задоволство за присуството на седницата на Советот на СОНК, недвојбено ја поздравија иницијативата за ваква средба, каде што ќе се отворат сите прашања што се во надлежлежност на единиците на локалната самоуправа во сите сегменти на образованието, науката и културата. Заедничка беше констатцијата дека имаат воспоставен коректен социјалниот дијалог и партнерство со претседателот и секретарот на регионалниот одбор на СОНК – Прилеп.
Беше отворено прашањето за трансформација на работниот однос од определено на неопределено време, кое во овој Регион непречено се одвива, а во рамките на Законот за работни односи, како и условите за работа на вработените во дејностите што синдикално ги обединува СОНК , каде беше искажано задоволството за вложувањата на централаната и локалната власта во последните години , на ова поле.
Исто така, од страна на градоначалниците беше поздравена иницијативата, изразена преку ,,.Резолуцијата за измени во Законот за основно и Законот за средно образование во делот на бројот на ученици во паралелки’’, прашање кое заради енормно намалување на наталитетот во државата, директно се одразува во делот на образованието и реално ќе создаде вишок на вработени во овие дејности.
Како издвоено прашање беше отворено прашањето по однос на трошоците за превоз на вработените во општината Долнени, за кое градоначалникот Боше Милошевски ја изрази својата подготвеност за изнаоѓање на решение и по однос на ова прашање.
Заедничка констатација и на членовите на Советот на СОНК , но и на Градоначалниците беше дека, вакви средби треба да се остварат и со сите единици на локална самоуправа и регионални одбори на СОНК, како и средби со истите на ниво на региони. Исто така, беше констатирано дека за решавање на одредени прашања треба да се вклучат и Управниот одбор на ЗЕЛС и централната власт.
Во вториот дел на седницата беа отворени повеќе актуелни прашања и договор за операционализација на Програмата за работа на СОНК, усвоена на VI-от Конгрес на СОНК, во која беа детектирани слабостите во досегашното работење на СОНК на сите нивоа, од синдикалните организации на СОНК, регионалните одбори , па се до органите на Советот на СОНК. За таа цел Советот на СОНК го договори и првиот чекор, со кој претседателите на синдикалните организации и регионалните одбори на СОНК, секој во рамките на своите надлежности ќе преземат активности за надминување на детектираните слабости.
Исто така беше договорено што е можно поитно да се имплементираат четирите Резолуции, усвоени на VI-от Конгрес на СОНК.
Советот на СОНК, врз основа на Статутот на СОНК , на седницата едногласно именува двајца потпретседатели на Советот на СОНК : Димитар Стојановски – досегашен потпретседател на Советот на СОНК и претседател на Регионалниот одбор на СОНК – Делчево и Фатон Чиче –претседател на Регионалниот одбор на СОНК – Чаир.
За генерален секретар на Советот на СОНК, во наредниот мандатен период, едногласно пофторно и беше дадена довербата на Весна Неделковска, досегашниот генерален секретар на Советот на СОНК.