ЈАКИМ НЕДЕЛКОВ ЕДИНСТВЕН КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОНК
Советот на СОНК на седницата одржана на 28-11-2015 год. ги сумираше резултатите по предлозите од синдикалните организации и регионалните одбори на СОНК, за предлагање на можни кандидати за претседател на СОНК.
Врз основа на записниците од сите 20 регионални одбори на СОНК, Советот констатира дека сегашниот претседател на СОНК, Јаким Неделков е предложен во 15 регионални одбори ,како единствен кандидат. Во 4 регионални одбори предложени се по еден кандидат од секој од тие регионални одбори, а во еден регионален одбор, спротивно на Одлуката донесена од Советот на СОНК за Критериумите за предлагање и утврдување на кандидат(и) за претседател на СОНК, меѓу кои и Јаким Неделков, а Советот , согласно споменатата Одлука, не ги прифати како легитимни.
Советот, всушност само го констатира резултатот од предлозите од синдикалните организации и регионалните одбори на СОНК и согласно Одлуката и Статутот на СОНК, едногласно донесе Одлука, со која Јаким Неделков е утврден како единствен кандидат за претседател на СОНК.
Да напоменеме дека 6-от Конгрес на СОНК ќе се одржи на 12-12-2015 год.