Friday, March 31, 2023
image_pdfimage_print

Синдикалниот фонд е формиран со цел на членовите на СОНК кои се наоѓаат во социјални тешкотии и проблеми да им овозможи материјална помош.
Во Синдикалниот фонд членуваат основни организации во кои членовите донеле одлука за членување во фондот.
Висината на средствата од кои се финансира фондот се 0,40% од нето платата на членот, како и спонзорства, донации и др.
Средствата на Фондот се користат за парична помош:

  • во случај на повреда на работа
  • подолготрајно боледување
  • набавка на лекови и медицински помагала
  • трајна неспособност за работа
  • материјална штета од пожари и поплави
  • за школување на студенти надвор од местото на живеење
  • за редовно заминување во пензија
  • смрт на членот на СОНК

Фондот на членовите им дава право на користење на бескаматен кредит.
Работата на Синдикалниот Фонд е регулирана со Статутот на СОНК и Правилник на Синдикалниот фонд.

ПРАВИЛНИК И ОДЛУКИ

ОБРАСЦИ И ДОГОВОР

ПРИМЕРИ ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ МЕНИЦА

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СТУДЕНТИ

ИЗЈАВА ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ

ИЗЈАВА за согласност за обработка на лични податоци