СОНК , на вработените во училиштата, на учениците и нивните родители, им посакува среќна и успешна нова учебна година
По повод почетокот на новата учебна 2016/2017 година, Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија – СОНК , на вработените во основните и средните училишта, ширум целата наша држава, на учениците и нивните родители, им посакува среќна и успешна нова учебна година, со надеж дека наставниците ќе бидат среќни што ќе имаат можност повторно да ги пренесат своите знаења на следбениците, а учениците ќе бидат задоволни со стекнувањето на новите знаења, вештини и навики.
И во оваа прилика СОНК сака да потсети дека образованието е темел на секоја заедница почнувајќи од поединецот, семејството, па се до планетарно ниво и во таа смисла го изразуваме нашето цврсто убедување дека, најсигурна инвестиција за иднината претставува токму образованието. Со такво убедување, СОНК долги години заедно со надлежните во нашата држава, прави максимални напори за подигнување на статусот на образованието по сите основи, а од синдикален аспект посебно на статусот на вработените на во оваа исклучително важна област за секое општество.