Одржана 6 – та седница на Советот на СОНК

На највисоко ниво потврден социјалниот дијалог помеѓу СОНК и ресорните министерства

На 28 -04-2012година Советот на СОНК ја одржа 6-та редовна седница во проширен состав, на која присуствуваа Министерот за образование и наука г-дин Панче Кралев, Министерот за труд и социјална политика г-дин Спиро Ристoвски и претставници од Министерството за култура.
      Во првиот дел на седницата министрите и претставниците од Министерството за култура зборуваа за превземените активности во изминатиoт период со СОНК.
     Министерот за образование и наука г-дин Панче Кралев, откако го изрази своето задоволство за присуството на седницата, истакна дека СОНК и МОН имаат одличен социјален дијалог и континуирана комуникација.Од почетокот на оваа година со СОНК работиме на разрешување на повеќе прашања и проблеми со кои се соочува наставниот кадар во овие дејности и за кои беа вклучени и БРО и ДПИ, секој според своите надлежности.
     Министерот Кралев, како една од поважните активности со СОНК, а како придобивка од потпишаната Спогодба во 2008год., укажа на трансформираните работни места од определено на неопределено време. Во периодот од 2009год. до денес трансформирани се околу 5000 работни места. Ова е процес кој сеуште трае и според евиденцијата, бидејќи сите кои ги исполниле условите им е трансформиран работниот однос, во овој период се трансформираат тековно со исполнувањето на условите според ЗРО. По ова прашање СОНК и МОН, во наредниот период, треба да иницираат средба со Управниот одбор на ЗЕЛС каде што ќе се отвори прашањето околу потребата за преземање на делумни и целосни технолошки вишоци во рамките на самата Општина , а доколку нема можности во самата Општина преземање од друга Општина.
     На заедничките работни средби со СОНК, истакна Министерот Кралев, се отворија повеќе прашања и за поголемиот дел најдовме соодветни заеднички решенија. Околу прашањата за преоптовареноста на наставниот кадар со администрирање, намалувањето на бројот на ученици во паралелки, бројот на наставни предмети и часови, потребата за зголемување на часови по одделни предмети, како и по други актуелни прашања СОНК и МОН ќе продолжат со процесот на комуникација и изнаогање на заеднички прифатливи решенија.
     Министерот за образование и наука, исто така се задржа и на анализа на Законот за јавни службеници, каде што подвлече дека овој Закон е добар и дека со ниеден член не се намалуваат правата на работниците, туку напротив со овој Закон се обезбедува поголема сигурност за работните места, сигурност на плата и др.
     Министерот за труд и социјална политика г-дин Спиро Ристовски исто така изрази задоволство од коректниот и партнерски социјален дијалог со СОНК. Тој истакна дека СОНК и МТСП потпишаа најдобар грански колективен договор во Р. Македонија, во кој се содржани и зголемени правата на работниците-членови на СОНК во оваа дејност.Околу примената, во делот на новите коефициенти од овој колективен договор, Министерот Спировски укажа на Законот за замрзнати плати.
     Околу трансформациите на работниот однос од определено на неопределено работно време во градинките, Министерот Спировски истакна дека истите тековно се вршат, според барањата на установите.
     По однос на работното време на воспитувачите и негувателките, Министерот Ристовски укажа на одредбите од Законот за детска заштита и колективниотдоговор, каде ова прашање е регулирано и усогласено со СОНК  и побара целосно почитување на истите.
      Министерот Спировски ги информира членовите на Советот на СОНК, околу размислувањето на Министерството за труд и социјална политика, за ново работно време на градинките,каде веќе 30год. истото  не е сменето. Таквата евентуална промена ќе се направи врз основа на потребите на родителите ,а во соработка со СОНК со цел да се изнајде најсоодветно и најприфатливо работно време во градинките
     Претставниците од Министерството за култура ги поздравија членовите на Советот на СОНК од името на Министерката, која заради неодложни обврски била спречена да присуствува на седницата. Тие исто така укажаа на сложеноста на проблемот со изготвувањето на новиот колективен договор за оваа дејност и причините за подолготрајното преговарање .
     Заедничка оценка на Министерството за култура и на СОНК, е дека набрзо ќе се утврди заеднички текст на новиот колективен договор за култура, кој ќе оди на јавна расправа во синдикалните организации на СОНК во установите од културата.
     Во вториот дел од седницата, Советот на СОНК ги усвои Финансискиот извештај за работењето на Советот на СОНК за 2011год., Извештајот за работењето на правниот застапник на СОНК, го донесе и Финансискиот план за 2012год. Советот на СОНК беше информиран за финансиското работење на Синдикалниот фонд на СОНК , бидејќи истиот според Статутот на СОНК го усвојува Собранието на синдикалниот фонд на СОНК .      Советот беше информиран и за други актуелни прашања во интерес на Синдикатот, а кои одеа како тековни прашања.

 
линкови
ghghfsfsghghghngh
 
Економско социјален совет на Р.Македонија
Биро за развој на образованието
Министерство за труд и социјална политика
Министерство за образование наука
Министерство за култура
Државен просветен инспекторат
 
  Copyright © СОНК 2011