СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА СОНК ВО ПРИСУСТВО НА ВИСОКИ ПРЕТСТАВНИЦИ ОД РЕСОРНИТЕ МИНИСТЕРСТВА И ОД ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА
СО СЕРИОЗЕН СОЦИЈАЛЕН ДИЈАЛОГ И ТЕШКИТЕ ПРОБЛЕМИ СЕ ПОЛЕСНО РЕШЛИВИ


По Одлука на Советот на СОНК на 18-07-2013год, одбележувајќи 8 години од излегувањето на СОНК од Сојузот на синдикати на Р.М., на 23 -ца поранешни и сегашни активисти на СОНК, а заради нивните посебни заслуги во градењето, развојот и реформирањето на СОНК во современ синдикат, Почесниот претседател на СОНК, Дојчин Цветаноски им додели Плакети во знак на признание и благодарност.
Во работниот дел на 19-07-2013год. на покана на СОНК, на седницата присуствуваа Министерот за образование и наука Спиро Ристовски, заменикот Министер за култура Драган Недељковиќ, Градоначалникот на Општина Македонска Каменица и претседател на комисијата за образование при ЗЕЛС Дарко Митевски, Градоначалникот на Општина Делчево Дарко Шехтански, како и претставници од општините Берово и Пехчево.
На седницата се отворија повеќе прашања во надлежност на централната власт и локалната самоуправа за актуелните состојби во детската заштита, основно, средно, високо образование, наука и култура.
Во делот на детската заштита, Советот на СОНК констатира дека треба да се оствари средба со новоизбраниот Министер Диме Спасов и да се отворат прашањата за имплементација на колективниот договор во делот на платите на вработените во оваа дејност, трансформацијата на работниот однос од определено на неопределено време и унапредување на тие кои во меѓувреме се стекнале со повисок степен на образование.
Сублимираните предлози и забелешки од страна на синдикалните организации на СОНК, а по однос на прашањата на водењето на е -дневникот, екстерното тестирање, платите вкупно во образованието, работата на просветните инспектори, регионализацијата и потпишување на колективен договор за високо образование и наука, Советот на СОНК ги изнесе пред надлежниот Министер.
Министерот за образование и наука Спиро Ристовски, освен што го изрази своето задоволство за присуство на седницата , ја изрази и подготвеноста, а во духот на високото ниво на социјален дијалог на нашиот Синдикат, секое прашање да се решава преку социјален дијалог и дека секоја активност на МОН ќе биде во координација со СОНК. Сите забелешки, предлози и мислења околу сите прашања заедно со СОНК ќе ги утврдиме и за наредната учебна година да се отстранат, истакна Министерот Ристоски.
Членовите на Советот на СОНК пред заменикот Министер за култура Недељковиќ побараа да се продолжат преговорите за потпишување на колективниот договор за култура.
Недељковиќ, пред членовите на Советот на СОНК, истакна дека министерството не ја спори потребата од потпишување на колективен договор, туку дека состојбата е многу тешка по одредени прашања кои треба да се регулираат со колективен договор а кои се од посложен карактер се причина за усложнувањето за довршување на преговорите за потпишување на колективниот договор. Заменик министерот за култура ја изрази целосната подготвеност на Министерството за култура заедно со СОНК, да изнајдат прифатливи решенија со цел колективниот договор да биде што побрзо потпишан од двата партнери.
Градоначалниците и претставниците од општините го истакнаа задоволството што беа поканети да присуствуваат на седницата, бидејќи истото претставува многу значаен и конкретен чекор во воспоставување на социјално партнерство и дијалог на локално ниво. Тие ја изразија нивната подготвеност за сите прашања кои се од заеднички интерес и надлежност на овие единици на локална самоуправа и на СОНК, заедно за истите да бараат најоптимални решенија а се во интерес на вработените во установите од нашите дејности во подрачјето на овие Општини. Ова е добар пример и упатува на потребата СОНК во наредениот период вакви и слични средби да остварува со градоначалниците на сите единици на локална самоуправа од нашата држава.

 
линкови
ghghfsfsghghghngh
 
Економско социјален совет на Р.Македонија
Биро за развој на образованието
Министерство за труд и социјална политика
Министерство за образование наука
Министерство за култура
Државен просветен инспекторат
 
  Copyright © СОНК 2011