ПОТВРДЕНО ЦВРСТОТО ЕДИНСТВО НА ЧЛЕНСТВОТО НА СОНК

Претседателот и генералниот секретар на СОНК од 19-ти февруари до 1-ви март оваа година, продолжија со одржувањето на состаноците во регионалните одбори на СОНК, каде со свои презентации пред претседателите на синдикалните организации , дадоа осврт на идејата, а по однос на документот ,, Предизвици и основи како потреба за реформирање на СОНК и негова трансформација во Сојуз на синдикати за образование, наука и култура на Република Македонија” Поточно, во овој период се одржаа состаноци во регионалните одбори на СОНК, Г. Баба –Скопје,Тетово, Карпош–Скопје, Чаир–Скопје, Струмица, Делчево и Кочани.

И во овие регионални одбори на СОНК во главно идејата за трансформација на СОНК во Сојуз на синдикати за образование, наука и култура на Република Македонија е поздравена, понекаде оценета како задоцнета, но и како неопходна потреба за подобро функционирање на нашиот Синдикат, а кај мал број претседатели на синдикални организации предизвика сомнеж за евентуално разединување на единството, по што впрочем е препознатлив СОНК. Едно е сигурно дека идејата предизвика голем интерес за многу дискусии, предлози и мислења.



Покрај точката за трансформацијата на СОНК во ССОНК, пред Регионалните одбори на СОНК, Чаир, Струмица, Делчево и Кочани беа разгледани Барањата усвоени од Советот на СОНК, на седницата одржана на 26-02-2014 година, а кои се веќе објавени на сајтот на СОНК и без исклучок во сите регионални одбори од страна на претседателите на синдикалните организации се прифатени и поздравени, како и подготвеноста за преземање и на други легитимни синдикални активности за остварување на овие Барања.

 
линкови
ghghfsfsghghghngh
 
Економско социјален совет на Р.Македонија
Биро за развој на образованието
Министерство за труд и социјална политика
Министерство за образование наука
Министерство за култура
Државен просветен инспекторат
 
  Copyright © СОНК 2011