РАБОТНА СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ НА СИНДИКАЛНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ НА СОНК ОД ГРАДИНКИТЕ ВО Р. МАКЕДОНИЈА
УСОГЛАСЕНИ СТАВОВИ ПОМЕЃУ СОНК И МТСП ЗА СИТЕ АКТУЕЛНИ ПРОБЛЕМИ ВО ГРАДИНКИТЕ КОИ СЕ ВО НАДЛЕЖНОСТ НА ДВАТА ПАРТНЕРИ

На 31 – 10 – 2013 година во Скопје во присуство на скоро сите претседатели на синдикални организации на СОНК од градинките, во организација на највисокото раководство на СОНК, се одржа работна средба.
На средбата, со која раководеше Претседателот на СОНК Јаким Неделков, присуствуваше и Министерот за труд и социјална политика, Г – инот Диме Спасов со уште тројца преставници од стручната служба на МТСП:
На работната средба од страна на СОНК беа отворени сите актуелни проблеми во дејноста детска заштита, за кои нашиот Синдикат има законска надлежност и програмска определба за решавање на истите и за кои СОНК подолго време има дефинирано можни решенија, кои беа изнесени пред Министерот Спасов.
По опширната дискусија на претседателите на синдикалните организации од градинките, свое обраќање имаше Министерот Диме Спасов кој скоро во целост прифати дека посочените проблеми навистина постојат и изрази  подготвеност, заедно со СОНК, што е можно по итно истите да бидат решени.
            Врз основа на вака усогласените гледања на проблемите од страна на МТСП и СОНК, по предлог на раководството на СОНК, присутните на работната средба од синдикалните организации на СОНК ги прифатија следните

 

З А К Л У Ч О Ц И

  1. СОНК и понатаму ја подржува потребата за воведување на лиценци и ја изразува својата подготвеност да даде свој придонес за што поскоро реализирање на овој проект.
  2. СОНК е убеден дека Програмата на МТСП за воведување на лиценци треба да претрпи посериозни изменувања и дополнувања со кои ќе бидат прифатени сите барања од синдикалните организации на СОНК во градинките за кои постои доволна аргументираност и чие прифаќање со ништо не го доведува во прашање успешното реализирање на проектот за лиценцирање.
  3. СОНК заедно со МТСП што е можно побрзо да ја отпочнат активноста за трансформација на работниот однос, со веќе усогласениот став апсолутен приоритет да имаат вработените кои веќе се во работен однос а кои во меѓувреме се стекнале со повисок степен на образование  и одговараат за конкретното работно место.
  4. Проблемот со поголемиот број деца во група во безмалку сите установи – детски градинки СОНК и МТСП се согласуваат да отпочне да се решава со постапно создавање на пред се просторни услови услови во јавните детски градинки.
  5. Барањето на СОНК за што е можно по итно имплементирање на гранскиот колективен договор во делот на платите, најдоцна до октомври 2014 година, МТСП во начело го прифаќа. И СОНК и МТСП се согласуваат дека е непходно преземање на активности кон Министерството за финансии, што значи посредно и до аваладата на Р. Македонија за создавање на финансиски можности, вклучувајќи ја и можноста за отпочнување со имплементација со одредена динамика.

 


  Copyright © СОНК 2011