ОСТВАРЕНА СРЕДБА ПОМЕЃУ РАБОТНИТЕ ГРУПИ НА СОНК И МТСП

Со цел да се реализираат договорените активности помеѓу највисокото раководство на СОНК и Министерот за труд и социјална политика, на 23-09-2013 година работната група од СОНК во состав : Весна Неделковска – генерален секретар на СОНК, Снежана Петрушева – претседател на републичкиот одбор за предучилишно образование и Роза Угриновска – член на Советот на СОНК и работната група од страна на МТСП во состав: Стојна Влахо, Елизабета Куновска и Бранко Лазаревски, остварија работна средба на која беа отворени повеќе актуелни прашања во надлежност на СОНК и МТСП.
На работната средба беше отворено прашањето за имплементација на коефициентите предвидени со колективниот договор за детска заштита, потпишан во почетокот на 2011 година. Беше договорено ,до наредната средба , МТСП да направи симулација за средствата што се потребни за имплементација на коефициентите според колективниот договор за секое работно место.
Исто така, беше отворено и прашањето за решавање на статусот на вработените во детските градинки кои работат како волонтери, по договор за дело и вработени кои во меѓувреме се стекнале со повисок степен на образование. По однос на ова прашање МТСП презеде активност за прибирање на овие податоци, преку организациите,и на наредната средба да излезе со податоци за бројот на вработени со нерешен статус.
Законскиот норматив за број на деца во групи и сегашниот реален проблем со зголемен број на деца, беше исто така,предмет на разговор на работната средба. И по однос на ова прашање беше договорено да се направи целосна анализа за бројноста на деца во групи и изаоѓање на соодветно решение за надминување на овој проблем.
Работните групи, на крајот од работната средба, договорија повторна работна средба на која ќе бидат дефинирани предлозите по однос на отворените прашања и истите ќе бидат доставени до највисокото раководство на СОНК и Министерот за труд и социјална политика.

 
линкови
ghghfsfsghghghngh
 
Економско социјален совет на Р.Македонија
Биро за развој на образованието
Министерство за труд и социјална политика
Министерство за образование наука
Министерство за култура
Државен просветен инспекторат
 
  Copyright © СОНК 2011