ПРОДОЛЖУВААТ СОСТАНОЦИТЕ ВО РЕГИОНАЛНИТЕ ОДБОРИ НА СОНК ЗА ТРАНСФОРМАЦИЈАТА НА СОНК ВО ССОНК

Врз основа на усогласениот распоред со претседателите на Регионалните одбори на СОНК, највисокото раководство на СОНК, претседателот Неделков и генералниот секретар на СОНК, Неделковска, во регионалните одбори на СОНК, К.Вода - Скопје Прилеп, Велес, Куманово и Штип, со свои презентации пред претседателите на синдикалните организации од овие регионални одбори, дадоа осврт на идејата, а по однос на документот ,, Предизвици и основи како потреба за реформирање на СОНК и негова трансформација во Сојуз на синдикати за образование, наука и култура на Република Македонија”

Во сите регионални одбори на СОНК, претседателите на синдикалните организации, членови на истите, зедоа активно учество со свои дискусии по однос на документот и идејата за трансформација на СОНК во Сојуз на синдикати од образование, наука и култура на Р. Македонија. Дискусиите беа во насока дека трансформирањето на СОНК во ССОНК е неопходна потреба во интерес на членството, неопходна потреба за формирање на грански синдикати за остварување на заедничките интереси на дејностите што ги покрива СОНК, но и кај мал број, неосновани и поединечни размислувања, дека на овој начин би дошло до расцепкување на нашиот Синдикат.

Вредно е да се спомене дека состаноците во Регионалните одбори на СОНК, според усогласениот распоред со претседателите на сите регионални одбори на СОНК, ќе продолжи и во наредниот период.

 
 
 
 
линкови
ghghfsfsghghghngh
 
Економско социјален совет на Р.Македонија
Биро за развој на образованието
Министерство за труд и социјална политика
Министерство за образование наука
Министерство за култура
Државен просветен инспекторат
 
  Copyright © СОНК 2011